Месец: м.г

Новогодишен Специјал: Што прави/каде е Мустафа од Cadillacs and Dinosaurs

Ништо бе, после флиперо остана технолошки вишок, без работа, ама не се дава, уште свире панк, прае си ќефо на курандарата, од стара паричка шо му остана од кога беше славен. Исто така, беше фатен од злобните и трачерски објективи на папараците како швалерисува со Хана на Јонско...

Read More

Денес е Св. Амфетамин – Велики

Денес, 31.12. е тежок празник за сите Чак Нориси на ноќниот живот и пијандрурските маратони, Свети Амфетамин Велики. Во таа чест, верниците богобојажливо инхалираат прав од моштите на светителот при што добиваат моментален апдејт и со долги светла у очите продужуват да се одават на дестилатите. Линиите можат да бидат мрсни, иако е строг пост. Ритуалот трае исто како тремерењето, само наместо храна и вода е забрането спиење. После квалитетното пречестување, верниците продуховени паѓаат во длабок сон, некаде до кај Бадник. Среќни празници....

Read More

Капетанот кој прв го напушта бродот – Приказна за една земја, шо случајно е наша…

Страшно е да прашаш гласно: ,, кој е капетанот на бродот кој  сите овие години стои во место! ‘’. Закотвен покрај пристаништето, овој брод со децении не се помрднал ниту милиметар. Ако прошеташ по палубите ќе забележиш дека тензијата е голема, но најголема е пасивноста и скептицизмот. Мора да има одговорни, некој мора да е виновен затоа што бродот не се движи а сите патници се на број. Тешко се стига до капетанот од сето тоа топовско месо  кое во своите умови не е доволно будно за да ја сфати функцијата на Бродот. Тие патници се чувствуваат безбедно на...

Read More

Нирвана vs. Кафана

Отварање на сите чакри, ослободување од овоземските страсти, и вечнио круг на преродба, момент на совршенство, трансформацијата од самсара у мокша, у источните религии се вика Нирвана. Слично е и кај нас, само шо ние го викаме Кафана....

Read More

Ѓорѓе Иванов за Новогодишниот прес: ”Жени, угледајте се на мене!!!”

Претседателот на милата ни Република Македонија, вчера одржа прес по повод испраќањето на Две и шеснаеста во вечниот подрум на историјата и новата резолуција за Две и седумнаеста, шо викат старите. Покрај изјавите околу фактот дека сме лидери по тоа шо сме лидери у реѓионот и дека јуриме кон целта, а тоа е влегувањето во НАТО-алијансата, и во некои други пактови пуни со убијци и колонизатори, Иванов изјави и дека ја има дупло плочата Animals од Pink Floyd и дека е заинтересиран за трејдање на истата. На крајот им се обрати на припадничките на понежниот пол и ги посоветува: ”Жени, угледајте...

Read More

Знаете ли зашо у Норвешка е десет евра пивото у маркет?

Знаете ли зашо у Норвешка е десет евра пивото у маркет? Затоа шо кога врне 6 саата снег како кај нас, не се блокира ротацијата, не се нарушува биоритамо и шо е најбитно, имат струја. А тамо снег кога врне, не се заебава.    ...

Read More

Докторе, помагај, убив се од халуцинации!!!

– Докторе, имам аудитивни и видео халуцинации и како последица на нив ми се јавуват депресивни епизоди шо знаат да варират до стадуим на ступор. Шо да напраам? – Јави се у кабловската и кажи да ти ги блокират Сител и...

Read More

Провинцијалско-скопски беседи

Значи како шо може струмичанка, штипјанка, кочанка, велешанка, прилепчанка и некоја слична анка да се излигаве на скопски, не може ни стара скопјанка со три куќи у Дебар маало и деловен простор у чаршија....

Read More