Расправам се едшнка со дедо ми дали Скопје е град на солидарноста или не е.
Викам му:
– Абе гарсоњера у Ченто од дваесет квадрата е 400 евра месечно, каква е таа солидарност.
Враќа ми:
– Седи ти, ништо не знаеш. Јавува ми сестрата 63-ќа дека кај нив земјотрес имало опасен. Одам да помогнам да расчистат. Помагав шо помагав, ама на враќање по рушевините најдов тротинет за татко ти и пет кожни ташни за баба ти, фанам земам си ги, однесам ги дома. Тоа не ли е солидарност?