Облак од прашина. Прерија. 40 и фазла по Целзиус. Каравано се влече флегматично како желка пред пензија. Голема степска колона. Десно од пато: череп од некој рогаст копитар. Лево од пато: згужвани и уморни фаци шо те меркат под око, со сламка у устата и шешир на главата. На пато: топки од сува метла и ситни камења.

Не е овоа опис на Вестерн сцената кај О.К. Корал, нити престрелка на Вајат Ерп и Док Холидеј, овоа е пато Штип – Свети Николе, шо се реконструира едно десет години.