”Порокливиот човек е политички непријател на слободата. Веднаш ќе ги разберете моите зборови ако помислите на луѓето кои некојпат домуваа во тавански соби, а денес се возат во кочии и блудничат со бившите маркизи и баронеси.

Кога гледаме како народните законодавци се расфрлаат со пороци и расипничат во некогашните дворци, приредуваат раскошни гозби, имаат послуга, носат скапоцена облека, напернато го истакнуваат својот уметнички вкус, како помалку веќе ги усвојуваат правилата на отменото однесување, кога гледаме како овие маркизи и грофови на револуцијата се коцкаат, кога нив ги гледаме, со право може да се прашаме – дали тие го опљачкаа народот?

 Нема спогодба, нема примирје со луѓе кои единствено размислувале како да го опљачкаат народот надевајќи се дека пљачката ќе остане неказнета! Нема спогодба, нема примирје со луѓе за кои републиката претставуваше зделка, а револуцијата- занает!!”