Еве уште еден од многуте докази дека луѓето не се ништо друго освен мајмуни со пиштоли и со пари. Дали детските трауми и фрустрации резултираат со мегаломански хирови во подоцните години? Голема е веројатноста. Но:

Во доцните 90-ти години од минатиот век, во средиштето на растечката сиромаштија поради којашто четири милиони жители чекореле по работ на егзистенцијата, поранешниот лидер на Ирак – Садам Хусеин, одлучил да потроши стотици милиони долари на три грандиозни проекти. Со овој крајно нехуман потег, тој се обидел да го зајакне својот Исламски кредибилитет и да ја зацврсти својата тиранија како наследство.

Џамијата Umm al-Ma’arik (Мајка на сите битки) е дизајнирана со цел да ја одбележи првата заливска војна од 1991-1992, а во исто време, да служи како личен трибјут на Садам. Оваа сино-бела џамија, завршена 2001-ва, е полна со суптилни и не-баш-толку суптилни одбележја на Садамовата војна.

Четирите надворешни минариња потсеќаат на цевки од Калашников и се високи 43 метри (во чест на 43-дневниот конфликт со САД), додека четирите внатрешни се во форма на ‘Скуд’ раќети и се високи 37 метри (во често на годината на раѓање на Хусеин – 1937-ма)

Централната купола е поставена на средината од рефлектирачки базен, кој има форма на Арапскиот Свет и во кој се наоѓа 28-метарски златен мозаик со иницијалите на лидерот.

Но најјезивиот симболички линк со Садам се наоѓа во внтарешноста од џамијата. Овде, спакувани во стаклени кутии, се наоѓаат 605 страници од Куранот напишани со крв. И тоа не обична крв, туку лидерска, крвта на Садам Хусеин. Во тек на 3 години, тој донирал 24 литри крв која била помешана со мастило и биле ангажирани калиграфски мајстори да ги испишат светите листови хартија. Тоа е Ирачката верзија. Американските пропагандисти тврдат дека крвта била од жртвите.

По падот на Хусеин, во 2003-та била превземена од страна на Сунитите и била преименувана.