Фидел,

во овој момент се сеќавам на многу нешта: се сеќавам кога те сретнав во куќата на Марија Антонија, се сеќавам кога ми предложи да се придружам, се сеќавам на сите тензии околу подготовките. Со времето сфатив дека во револуцијата или победуваш или умираш (ако е вистинска револуција). Многу другари паднаа на патот кон победата.

Денес, сето тоа има помалку драматичен тон, бидејќи сме позрели, но настаните се повторуваат. Чувствувам дека ја исполнив својата должност што ме врзуваше за кубанската револуција на кубанската територија, и морам да ви кажам збогум – на вас, на другарите, на вашиот народ кој е сега мој.

Давам и формална оставка од својата позиција во раководството на партијата, позиција на министер и чин на командант, и се му се враќам на кубанското државјанство. Ништо веќе законски не ме врзува за Куба. Едини преостанати врски се оние од друга природа – оние кои не можат да се раскинат, како што тоа го можат политичките.

Разгледувајќи го својот досегашен живот, верувам дека работев со доволно интегритет и посветеност за да се консолидира револуционерниот триумф. Мојот единствен сериозен пропуст е тоа што немав доволно доверба во тебе, во првите моменти во Сиера Мадре, и што побрзо не ги разбрав твоите водачки и револуционерни квалитети.

Проживеав величенствени денови, а со тебе ја доживеав гордоста да се биде дел од нашион народ во текот на убавите и тажните денови за време на ракетната криза. Ретко кој државник е бил толку сјаен, како што тие денови беше ти. Исто така сум горд на тоа што те следев без двоумење и што се идентификував со твоите национални размислувања, принципи, видувања и проценка на опасноста.

Другите нации низ светот сега ја бараат мојата скромна помош. Ја имам можноста да го направам тоа што ти е тебе скратено, поради твојата одговорност како лидер на Куба, и дојде време да се разделиме.

Треба да знаеш дека ова го правам со мешани емоции на радост и тага. Овде ја оставам својата најчиста надеж на народот кој ме прими како син. Тоа се рани на мојата душа. Но ја носам верата која ја стекнав на бојното поле благодарение на тебе, го носам револуционерниот дух на мојот народ и одговорноста за исполнување на најсветата должност: борба против имепријализмот, каде и да се наоѓа. Овој извор на сила ќе лечи и најдлабоките рани.

Уште еднаш морам да напоменам дека ја ослободувам Куба од секаква одговорност, освен од онаа која што произлегува од нејзиниот пример. Ако последниот час ме затекне под друго небо, мојата последна мисла ќе биде за овој народ, а посебно за тебе. Благодарен сум за твоето подучување и твојот пример – ќе се обидам да му останам верен до крајните последици на моите дела.

Отсекогаш сум бил идентификуван со надворешната политика на нашата револуција, и тоа така ќе остане. Каде и да сум, чувствувам одговорност што сум кубански револуционер и така и ќе се однесувам. Не жалам што не оставив ништо материјално за мојата жена и деца. Среќен сум што е така. Не барам за нив ништо бидејќи државата ќе им обезбеди доволно за живот и образование.

Сакам уште многу работи да ти ги кажам тебе и на нашиот народ, но чувствувам дека не е потребно. Зборовите не можат да го искажат она што би сакал и мислам дека не е вредно да се кажуваат фрази.

Те прегрнувам со својот револуционерен ентузијазам,

Че.

1, април, 1965-та.