Заврши гласањето у Теарце.

Уште една шизофренична неделна вечер. Пак сите слават победа.

Фино е да победуваш. И кога губиш.

Победа, победа, победа. Термин шо не отрови изминатите неколку месеци.

Него, да ѕирнеме малце од етимолошката страна на медалот, у коренот на ‘Победата’

По+Беда=Победа

*По – во степенувањето на придавките, магичен компаративен префикс кој означува дека едно нешто е ‘повеќе’ нешто од друго нешто;

*Беда – немање доволно средства за живот; Зло што може да го снајде секој човек.

ДА ЖИВЕЕ ПОБЕДАТА!!!