Првиот инструмент што децата од Западна Сахара учат да го свират се дланките, потоа пластичните канти по што најталентираните почнуваат да го совладуваат традиционалнио инструмент наречен Тбал. Една од тие деца е и Азиза Брахим.

Нејзината мајка во текот на својата бременост,  1975-та година, била приморана да ја напушти својата земја (како и половина од автохтоното население во Западна Сахара) поради избувнувањето на војната против мароканските окупатори.

Преку границите, во една камена пустина во Алжир, бегалците основале камп каде што всушност била и родена Азиза. Никогаш не успеала да го запоснае својот татко кој загинал во војната.

Нејзината баба, поетесата Линдра Минт Марбук, највеќе влијаела врз изборот на професијата на својта внука. Моментално Линдра ужива статус на најпозната ‘поетеса со пушка’. Нејзините песни денес се доста пеани помеѓу борците а нивната основна цел е да го подигне моралот пред искачање на бојното поле.

Како и многу други деца од Западна Сахара, така и  Азиза добила стрипендија за студирање во Хавана каде што заминала на 11-годишна возраст и останала се до завршувањето на студиите. (Куба во тоа време била важен сојузник за деколонизација на афричките земји)

Нејзината музика е подреден на целта на деколонизација и воспоставување на социјална правда. И после бројните светски признанија, Азиза одбивала да ја комерцијализира својата музика, останувајќи си доследна на принципите.

Дискографија:

  • 2008 Mi Canto EP
  • 2011 OST Wilaya
  • 2012 Mabruk
  • 2014 Soutak
  • 2016 Abbar el Hamada