Среда е вишок дел, мртва коска, непоканет гост. Ден без став. Цело време и е сеедно, она не се меша ни кај пеколните понеделник и вторник, ни па кај рајските четврток и петок.

Монотоно и безкорисно чистилиште. Дека шо на рипит врте дискографија од Колдплеј.

Среда е ‘ни лук јал, ни на лук мирисал’ фраер. Дете на просеко, без карактер, цел живот у улога на мост шо глеаш само побрзо да го поминеш.

Сив медиокритет е среда. Мене ако ме прашате, не треба да има ни право на глас.