Примирјето во Сирија ќе стапи на сила во четврток на полноќ по локално време, соопштува Москва

Рускиот претседател Владимир Путин го потврдил договорот за прекин на огнот и започнување на мировни преговори, јавува РТ.

”Овој постигнат договор е сепак многу кревок, тој бара внимание и трпение, професионален однос и постојан контакт со нашите партнери” – изјави Путин на состанокот со руските министри за наворешни работи и одбрана.

Руското Министерство за одбрана потврдува дека седум вооружени групи на сириската опозиција досега потпишаа договор за прекин на огнот.