Претседателот на милата ни Република Македонија, вчера одржа прес по повод испраќањето на Две и шеснаеста во вечниот подрум на историјата и новата резолуција за Две и седумнаеста, шо викат старите.

Покрај изјавите околу фактот дека сме лидери по тоа шо сме лидери у реѓионот и дека јуриме кон целта, а тоа е влегувањето во НАТО-алијансата, и во некои други пактови пуни со убијци и колонизатори, Иванов изјави и дека ја има дупло плочата Animals од Pink Floyd и дека е заинтересиран за трејдање на истата.

На крајот им се обрати на припадничките на понежниот пол и ги посоветува:

”Жени, угледајте се на мене, вашиот претседател, во Две и седумнаесетата не мора за се и сешто да им префрлате на вашите партнери, ќутете малце. Кога можам јас, можете и вие!!! П.С. Некој рецепт за зелник да не има, планирам да сукам за Бадник?”