Денес, 31.12. е тежок празник за сите Чак Нориси на ноќниот живот и пијандрурските маратони, Свети Амфетамин Велики.

Во таа чест, верниците богобојажливо инхалираат прав од моштите на светителот при што добиваат моментален апдејт и со долги светла у очите продужуват да се одават на дестилатите.

Линиите можат да бидат мрсни, иако е строг пост.

Ритуалот трае исто како тремерењето, само наместо храна и вода е забрането спиење. После квалитетното пречестување, верниците продуховени паѓаат во длабок сон, некаде до кај Бадник.

Среќни празници.