Вуди Гатри, доаенот на Американскиот фолк, кант-автор, еден од татковците на протестната музика и гордиот сопственик на гитарата низ која е испишан слоганот:

THIS MACHINE KILLS FASCISTS

Еве ја неговата резолуција за новата 1943-та:

  • Да работам повеќе и подобро
  • Да работам по список
  • Миење заби
  • Бањање
  • Здрава исхрана: зеленчук, овошје, млеко
  • Да пишувам по една песна на ден
  • Да носам чиста облека
  • Да носам чисти чевли
  • Редовно менување на чорапи
  • Редовно менување на постелнина
  • Многу читање на книги
  • Многу слушање радио
  • Да ги запознаат луѓето подобро
  • Да не сум осамен
  • Да останам горд
  • Да сонувам
  • Сите екстра пари да ги чувам во банка
  • Да танцувам
  • Да го победам фашизмот
  • Да ја сакам мама
  • Да го сакам тато
  • Да се разбудам и да се борам