Живот – затворен и континуиран систем на оксидација на тело осудено на смрт, ентропија и хаос, дух и растројства.

Доста се праеме паметни, да не бидеме глупи.

Живот – монарх кај којшо царуваат двојните аршини, лицемерните стандарди и ‘за недела дена ти ги враќам’

Сиромаштија шарена, болно забавна.

А сиромаштијата е мајка на фрустрациите у овај суров капитализам. А фрустрациите се тука за да бидат излечени.

‘Секој у живото ќе има свои 15 минути’ – Ворхол

У мојто градче 15-минутната слава се купува за 40 денари. Едно Макијато. Лошо.

Ќелнер со магистратура, гостин со осмо. И му се дере:

-Алооо дечко, Макијато, чаша вода и смени пепељара!!!

Моменти на слава, златни 15 секунди, сите се ѕверат у него. Оф животе, паштето ловџиска.