Од сабајле глеам над пеесе споделувања на веста дека у Финска социјалната помош ќе била 500 и кусур евра. И тука сите демек нешто узнемирени, како да имат баба на Марс, како да се биде у кома последните 50 години, споредуват ја платата у милата ни Македонија со социјалката у Финска.

Неколку моменти, зашо не треба НИКАКО да се споредуваме со Финска:

-затоа шо после кафе ја џвакаме лажичката цел ден

-затоа шо у 80% од градовите немаме метал бенд

-затоа шо последните 10 години екипите на Македонија Пат се изненадени од снего

-затоа шо не застануваме со колата на пешачки

-затоа шо јадеме шпагети и леб

-затоа шо Ѓорѓе Иванов

-затоа шо Црвенковски има харизма

-затоа шо пуштаме нокт на малото прсте

-затоа шо пиеме еспресо и Ред-Бул

-затоа шо политиката е роќенрол

-затоа шо не си ја брендиравме гаргарата

-затоа шо оговарањето ни е кардио тренинг

-затоа шо лебарките ни се цимери у болничките соби

-затоа шо на професорите не им смета дегенеричката програма по учебниците

-затоа шо нема споменик на Ѓорѓи Колозов и Јонче Христовски

-затоа шо можам овака да набројувам до утре, ама шо фајда….