У една зачадена биртија, седеме ја, Ернест Хемингвеј и уште два-трујца небитни. После петата ракија почнува да се дига тензија кој може да ја напише најтажната кратка приказна.

Кладеме се на 100че.

Читат тие два-трујцата небитни и океј, ама ништо посебно. Ернест ваде листо и чита:

На продажба: бебешки чевли никогаш носени.

Трие раците, ќе зима пари. Вадам листо, дишам длабоко и читам: Македонија.

Крокодилски солзи, подигнат парќет и биртија у поплава. Плачам со нив и ја. Ама кладба си е кладба.

Живели

Автор: Марин Милев