Во мода е колективното или индивидуално сликање голи по снежните терени на незгодни минусни температури. Да ги разгледаме можните пориви за ваквиот чин:

  1. Немање други квалитети за да бидеш центар на внимание како би те припадничките од женска вероисповест приметиле дека постоиш;
  2. Недоволно гушкање како мал;
  3. Редовно праќање по бурек и цигари у средно и основно;
  4. Повеќемесечни (ако не и годишни) паузи помеѓу едно и друго сексуално општење;
  5. Знаење на памет цела дискографија од Елитни Одреди;
  6. Дечко, Џекес го праат тоа за миљони;
  7. Поседување на енормна залиха парацетамоли пред истек на рок;
  8. Поседување на тетоважа од сортата ‘Tribal’
  9. ‘Продавам Самсунг Галакси M-16, евентуална замена со ланче за брегаста’
  10. Жаре Бербер fun club!!!

Следете не на Facebook-фан страната