Освен по разознавачките агенции, учтивоста и Селин Дион, Канада е позната и по експедициите кои посетуваат кризни терени за време на зимски неуслови.

Така овој пат, информирани за рекордните минусни температури, го посетија Берово со цел да поразговараат со тамошното население околу тоа како се снаоѓаат со огрев, разчистување на патишта, обезбедување вода и слични елементарни моменти за егзистенција.

Но, за жал, не нашле никој, бидејќи сите Беровци биле у Скопје и тоа на професорски, министерски, докторски и други високи позиции и функции.

За cisterna.mk, Ракија-СаЛатас