У моментите

У моментите
кога месечината не е ништо друго
освен око од киклоп
ќе ти речам…

У моментите
кога зборовите не се ништо друго
освен досадна промаја
ќе ти речам…

У моментите
кога разумо не е ништо друго
освен заложник на срцето
ќе ти речам…

У моментите
кога песната не е ништо друго
освен излечена фрустрација
ќе ти речам…

У моментите
кога времето не е ништо друго
освен исчкртан календар
ќе ти речам…

У моментите
кога моливот не е ништо друго
освен дрвена аорта
ќе ти речам…

У еден од тие моменти
гласно ќе ти речам:
ПА МАЈКУ ТИ ЈЕБЕМ,
ТАКА ЛИ СЕ ЕДРО ДРОБЕ МАРУЛА
ПА ТИ ГУСКИ ЛИ РАНЕШ
И ШО Е ОВОА ПРИНАСАЊЕ
ТОПЛА РАКИЈА
КОЛКУ ПАТИ ДА ПОВТОРАМ
ДА ЈА СТАВАШ У КОМОРАТА
ТИ ГО КРСТИ, ОНО ПРДЕ
ДА ТИ ГО ЕБАМ ПЛЕМЕНЦЕТО НЕПИСМЕНО
ДА ТИ СЕ МОЧАМ У ЖИВОТО СВИНСКИ

Ќе ти речам…
У тие моменти.