Седнувам на шољата, коа од зад пералната еве ти еден пингвин.

Викам му:

-Шо праеш тука бе ти, мајмун еден?

Враќа ми:

-Каков мајмун бе дечко, шо имаше ти по биологија?

Ја:

-Добро де, знам дека си пингвин, ама шо мајка тражеш у мојто веце?

Он:

-Ништо бе, испратија ме како размена на студенти од Антартик?

Ја:

-И, како ти се свиѓа тука?

Он:

-Е шо како ми се свиѓа, каде поладно, па и посиромаштија од кај нас!

Гушнавме се братски и пред да се разделеме тивко ми шепна:

-Кога пиеш антипсихотици, не ставај рум у чајчето, ја се појавувам :*