Имате висок притисок и холестеролот ви е ала Монт Еверест? Можеби, но не и според јулијанскиот календар. Но не стравувајте, затоа тука е Стара Нова Година.

Според овој соларен календар денес е вистинската нова година, а не оваа капиталистичката шо ја славиме.

Стара Нова Година е последниот главен во јануарскиот алкохоло-авантуристички флипер. После Нова Година, па Нова Година втора вечер, па Бадник, па Божиќ, па Божиќ втора вечер, па Свети Стефан, еве ја и Стара Нова.

Замисли, свире музика како на Марио Брос кога треба да минеш под желката со свинска глава шо пушта оган низ устата на стаза 8-4 и конечно да ја ослободиш принцезата. Парички веќе немаш, животи на резерва.

Замижуваш, држеш на брзото одење на џоистикот и некако се мушкаш под монсртумот. На другата страна, наместо кралица те чека плус дваесе кила затоа шо у претходните стази наместо печурки фаќаше свински ребра, сарми и кременадли.

Како и да е, утредента лошиот холестерол и хипертензијата у осумбита ја цепат победничката песна шо свире кога го симнеш знамето со скок од чоколадниот рид, пред да почнат да пукат огнометите и да улезеш у следниот замок.

Среќни Празници!!!