Раскажува ми шанкеро:

Улава еден дечко. Сумњива фаца, поглед ладен како баба од Аљаска, не-баш-свеже-обријан како сериски убиец, цвиќера од пазаро, ама од оние едиција-Матрикс, ход како некои вампири кога лебдат, Виетнамка-јакна.

Седнува ноншалантно на шанко, и го забива погледо у една точка у фрижидеро.

Прашувам го:

-Повели дечки, шо ќе се напиеме?

Ќуте…

После извесно време:

-Господине, ќе се напиете ли нешто?

Уште штама…

Трет пат:

-Мајсторе, се ли е реду?

Молко продужува…

Четврти пат со повишен тон:

-АЛООО, ЌЕ ПИЕШ ЛИ НЕШТО, НЕМАМ ЦЕЛ ДЕН ЗА ТЕБЕ ТУКА????

На тоа дечкото, како подразбуден:

-Не братче, нејќам ништо, само разгледувам.

 

Станува, и каубојски го напушта локалнио салун…