Нашиот дописник од Брегот на слоновата коска штотуку не извести дека тамошната македонска миграција, која што се состои од 40 беровци, 23 пехчевци, 70 кочанци, 30 делчевци, 18 каменичани и 67 штипјани, протестирала во однос на промена на името.

Станува збор генерално за иселеници од шопскиот регион, кои веќе се сметаат за староседелци, покрај племињата Менде, Сенуфо и Ашанти.

Како што напоменавме, иселениците протестираат во однос на името и бараат Брегот на слоновата коска да воведе и алтернативно име кое ќе гласи Брегот на слоновата коска пијан, бидејќи шопските навики веќе инфилтрирале длабоко во порите на живеењето и кај мештаните, кои радо ги прифатиле древните шопски обичаи како што се печењето ракија, ставањето туршија, правењето ајавари и пинџури, плукањето на сред пат и апокалиптичното пцуење.

Екипата на cisterna.mk ќе го следи настанот.

Читаше, Ракија СаЛатас