Нова песна на Токсиколози-Мојот кварт. Песната е продуцирана од страна на Кискинов, кој е дел од струмичката хипхоп група Дивизија. ХипХоп-от и музиката општо е нашиот начин на изразување, едноставно потреба без која што не можеме самите ние, нешто што произлегува од животот во некоја форма и стигнува до луѓето преку некој медиум. Ситуацијата во која што грото се наоѓа, на еден или на друг начин, го наведува и инспирира секој созреан артист со посериозен пристап во изразувањето што е дел од овој систем, вложува, сака да го работи тоа што најмногу го исполнува и бара чесно место во ова општество, да твори и размислува на вакви теми…За жал или за среќа.

Една Љубов ХипХоп!

Продолжуваме со полна пареа! Пушти Глас!