Месец: м.г

Брејќинг: Пристигна извештајот од психолошкиот профил на Груефски

Грујефски  – нарцисоиден екстроверт, со изразити знаци на фиксација у сензо-моторната фаза, особено моменто на неправење разлика меѓу целта и средствата и секундарни циркуларни реакции според развојнио календар на Пијаже, инфантилен его-центрик (детето мисле дека кога си ги покрие очите со раците, никој не го гледа) шо форсира его-дефанзива низ механизми на проекција, ретикуларна формација, негација и погрешна антиципација, социопат шо очајно глуме филантроп со крајно невешти и вештачки фацијални експресии и низ обид на алтруистични говори у чија интонација латентно се слуша анималнио крик на исфрустрирано детенце со комплекс на супериорност. Друштвената анксиозност му се чита по одењето,...

Read More

Најчести муабети шо ги слушаме од луѓето у разминување

Одеш си накај дома, пешки нормално, пошто кола е за несовесни конзуматори на масовната култура шо не водат поведение за животната средина у која шо се бетер од животни туку брзат за да не им избега трендот шо го гонат. Тоа шо си сиромашен нема веза со возилото. Успат немаш попаметна работа, туку фрлаш поглед со ушите у случајните минувачи, за да чуеш шо муабет си праат, затоа шо туѓата несреќа е понесреќна од твојата несреќа. Класично проектирање на сиромашнио неуспех. Најчести егзамплари, шо викат Фрчковски и Гиш, за муабети у разминување се: ….и гледам ја вчера остават ја...

Read More

Образовни реформи: Петиција за промена на лекциите за ‘предвесници на пролетта’

Група родители ентузијасти, распиша петиција во која концизно и јасно се бара едитирање на лекциите за пролетта по предметот ЗПО (Запознавање на природата и општеството), попрецизно, на методската единица каде што децата ги изучуваат предвесниците на пролетта. Потписниците бараат досегашните кокичиња, качунки, ластовички и слични салтанати, да се заменат, со цел да не им создаваат дополнителни заблуди на учениците, покрај останатиот матерјал за ултимејт-моронизација, со следниве реални предвесници: млад кромид млад лук мимоза салата почеток на Лига на шампиони скутери до 50 кубика заколнати спорсти шо трчат кардио у ски опрема вадење по една до три маси пред кафаните,...

Read More

Знаеш дека си од Кочани кога…

– мислеш дека анџак и енос е исто – термино ‘шоп’ не е етничка одредница туку карактерна особина – си свесен дека од седењето по р’т’мите просперитет нема, ама упорно седеш – не си бил на кино последните 10 години – очекуваш Канго да те поздраве со ‘Здраво дечки’ – баба ти вика пилав, а сестра ти рижото – мислеш дека хемија е непотребен предмет, а после станеш или билдер или џанка – мислеш дека свето се врте околу реката, а не околу својата замислена оска – имаш комшија со лажичка од кафе у устата и нокт на малио...

Read More

Со војната нема заебанции, освен кога има

Кал, прљав, темен и влажен ров. У пушката метаци, у ракијата антипсихотици.  Куче си на војната. Крволочна џуќела. Нож на коска. Гинеш за да живеат твојте соборци, живееш за да гинат клетите душмани.   Они петоколонаши, вие шестоколоваши. Крвава пот, крици и идни заложници на вечнио кошмар. Искинат, даваш се од себе за земјата шо те роди и шо ќе те земе. За татковината. За едното име свето. А после тоа гасеш твитер и одеш у Спорт Вижн да земеш нешто шо е на 98% попуст. За слободата!!!...

Read More