Дали Македонска Каменица е Македонската Шкотска?

Сношти, во редакцијата на cisterna.mk пристигна фотографија сликана од член на месното население на Македонска Каменица, во која јасно е доловена силуетата на чудовиштето од вештачкото езеро и насипно-камената брана, а воедно и хидроелектраната Калиманци, по име Шоп Нес. Фото:

Тамошните мештани ни дадоа краток опис на овој воден змеј, за неговиот изглед и за тоа од каде го добил името. Имено, како и секој друг шоп од регионот, така и Шоп Нес, при излегувањето нарачувало кафе од сортата ‘Нес’, го шмркало се додека не ја смене формата на шолјата во која е стаено истото кафе, притоа изобилувајќи со шопски манири од типот ‘ќелнер смени пепељарата, да не ти сменан личен опис’ и ‘донеси една чаша вода, ладна како срцето на бившата’

Истрагата е во штек.

За cisterna.mk, Ракија-СаЛатас