После неколкуте неуспешни обиди на сувомесното население да се справи со водниот змеј Шоп Нес, беше свикан состанок на кој се донесе одлука дека ситуацијата е ‘нож до коска’ и дека мора да се побара помош за интервенција од страна на специјалната единица ‘Цистерни’.

Подводните гњуречки трупи беа спремни, па така со своите харпуни се нурнаа во мистичните длабочини на Калимаци лејк. За 15 минути метата беше погодена и Шоп Нес беше мртов извлечен од езерото.

На брегот го чекаа поднапиени касапи од целиот регион, желни за освета. Беше среден на филети и кременадли, а месото беше донирано по локалните биртии.

После успешната акција, фотографите го овековечија моментот на главниот елиминатор на чудовиштето како се одмара на круната на браната, после бурната акција.

 

За cisterna.mk, Ракија-СаЛатас