Како најактуелен метеоролошки феномен деновиве, маглата зазема значајно место по нашите тајмЛАЈНОви и во нашите плуќи. Неколку обиди да ја дефинираме. 

Маглата е:

  1. она што фузирано со ветер ни го ветуваат политичарите последните 20 години
  2. појава која не можеш да ја допреш а можеш сексуално да општеш со неа (да ти ебам маглата)
  3. главна мостра што ја нудат успешните трговци
  4. песна од Бвана и Ајс Нигрутин
  5. она во што се гуските изгубени во фамозната изрека ‘гуски у магла’
  6. она што го фаќаш фигуративно кога бегаш од некој/нешто (фаќа магла)
  7. најдобар изговор за одложените летови
  8. песна од Јосипа Лисац
  9. причина зашо на колите има светла шо се викат ‘магленки’ и истите се злоупотребувани од извесната сељачана шо ги пушта и кога нема потреба и ти вадат очи кога се разминуваш со нив
  10. надимак на еден од најдобрите меанџии у свето
  11. тоа шо му паѓа на Дино Мерлин до пола Сарајева
  12. атмосферска појава шо го претвара градот у гасна комора за асматичарите
  13. појава шо се дешава у собата кога седнеш да спремаш испит со пакла Rondo 100’s до тебе