Балада за едно ладно

Можда немам пари да ти зеам чизми од кај Роте
ама имам срце да го напраам огино да боботе
Можда има уште миљарда, ама на мене не ми се битни
молим те извини, ќе идам по дрвца ситни
Рајо го држат анѓели, баш такви како ние двајца
успат да те попитам, да не имаш картони од јајца
Зимата е сурова и ладна, па облечи си в’нено елече
шо да праам, буријата е пуна саги, нејќе убаво да повлече
Ќе ти иссечам киселка зелка, да те частам малце це-витамин
само биди до мене и бодри ме, па догодин ќе изѕидам камин
Ја ти варам чај од коприва, додека ти се жалеш на палците
опуштено љубави, спушти се доле, у најдолната фиока се калците
За тебе ќе напраам Армагедон и Биг Бенг, ти не си путе ординарно
камон бејби лајт мај фајр, пошто само пички се греат на парно
На крајо ќе се рушат планини, ќе пукат брани, а нигде љубов како нашата
Де биди добра како шо си убава, распрткај жаро со машата.