Група родители ентузијасти, распиша петиција во која концизно и јасно се бара едитирање на лекциите за пролетта по предметот ЗПО (Запознавање на природата и општеството), попрецизно, на методската единица каде што децата ги изучуваат предвесниците на пролетта.

Потписниците бараат досегашните кокичиња, качунки, ластовички и слични салтанати, да се заменат, со цел да не им создаваат дополнителни заблуди на учениците, покрај останатиот матерјал за ултимејт-моронизација, со следниве реални предвесници:

  • млад кромид
  • млад лук
  • мимоза салата
  • почеток на Лига на шампиони
  • скутери до 50 кубика
  • заколнати спорсти шо трчат кардио у ски опрема
  • вадење по една до три маси пред кафаните, додека има сонце

За cisterna.mk, Ракија-СаЛатас