Одеш си накај дома, пешки нормално, пошто кола е за несовесни конзуматори на масовната култура шо не водат поведение за животната средина у која шо се бетер од животни туку брзат за да не им избега трендот шо го гонат. Тоа шо си сиромашен нема веза со возилото.

Успат немаш попаметна работа, туку фрлаш поглед со ушите у случајните минувачи, за да чуеш шо муабет си праат, затоа шо туѓата несреќа е понесреќна од твојата несреќа. Класично проектирање на сиромашнио неуспех.

Најчести егзамплари, шо викат Фрчковски и Гиш, за муабети у разминување се:

  • ….и гледам ја вчера остават ја пред зградата со трособно Ауди. Ццц, мизерија брат. Дечкото шо ја возе е на брат ми школски, нешто со сите петки, по натпревари го акаа. Тешка пичка.
  • …а ја му викам уплати си ја Ваљадолид два у ќец и од два до четири гола, он нешто хендиќепи ми гоне, хендикепиран да оде…
  • …а они се заедно уствари бе брат, какво ВМРО, каков СДСМ, кога имат ќар седат по кафани заедно и договорат, овоа само за простата маса да ја лажат по телевизија….
  • …нема, значи од оние на Доктор Еткер зимам и па ништо не ми излава. Нема веќе квалитет, колку и да фрлеш пари, ни пандишпан ми излава како шо треба, ни глазура…
  • …не дига ни овај брат, излгеда ќе треба до Виница или до Штип да идеме. Ама малку дават секако, ај па ќе пробам…
  • …шо не ѕвонете бе педерчиња невини, само зор коа имате, да ви ебам сестрите..
  • …Извини дечко упаљач да не имаш…
  • ….дај пидинара бра, да ми ебеш се по дома…
  • …отварал ли си cisterna.mk, ебати сајто гомнарски, живи глупости…
  • …дека има игра? Е ќе дојдам, ама пари од тополи. На некој лихвар бројо да не имаш?…
  • …брат направивме се пепел, ја после 1 ни се сеќавам ебале ли са ме, тепале ли са ме, изгубен.
  • …ЗДРАВО ДЕЧКИ….