Грујефски  – нарцисоиден екстроверт, со изразити знаци на фиксација у сензо-моторната фаза, особено моменто на неправење разлика меѓу целта и средствата и секундарни циркуларни реакции според развојнио календар на Пијаже, инфантилен его-центрик (детето мисле дека кога си ги покрие очите со раците, никој не го гледа) шо форсира его-дефанзива низ механизми на проекција, ретикуларна формација, негација и погрешна антиципација, социопат шо очајно глуме филантроп со крајно невешти и вештачки фацијални експресии и низ обид на алтруистични говори у чија интонација латентно се слуша анималнио крик на исфрустрирано детенце со комплекс на супериорност. Друштвената анксиозност му се чита по одењето, кое па изобилува со исфорсирано држење на торзото, импулсивни салутирања и неправилно пуштање на чекор.