Шо мислам у теко на дено:

Вечер шопска ли да мезам со ж’тата или мешана..

 

 

Шо мислам пред да заспијам:

У седмо не требаше да му се испонашам така на дечкото у ‘N Syng маица шо беше..Замисли да си од Валандово..Ќе отворам кафана бе, па последно нека е..Спи бе коњ..Тетовира ми се, ама нема се парички..Рапче нешто да пишам нема да е лошо..Спи лајнар глуп..Од денеска строго риба јадам..Адаптација се дешава по пат на асимилација и акомодација..Јунг е ногу досаден..Актуелните порно-ѕвезди се по 10 години помали од мене..Спи бе р’ѓо..Замисли Ѓорѓе Иванов за жена да те траже.. Уште нема бенд Гаргара шо се вика..Родеото 30 беше ејјј..